Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниска расправа за Кривичниот законик: Проф. д-р Ана Чупеска – поенти

0
By Zoran Ivanov on January 17, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 17, 2026 13:40

Ана Чупеска: Овој Предлог-закон во сегашната форма е инструмент за правен популизам кој ги жртвува фундаменталните права за политички поени.

Поенти од говорот на Проф. д-р Ана Чупеска вчера во рамките на јавната дебата за новиот Кривичен законик:

– Кривичниот законик не смее да се претвори во инструмент на моќта;

-Правдата е заедничко демократско добро, а не привилегија на елитит:

-Кривичниот законик не е само збирка на правни норми – тој е најексплицитниот израз на општествениот договор помеѓу државата и поединецот;

-Кога се менува Кривичниот закон, не се менуваат само членови и ставови, се редефинира границата до која државата смее да посегне по човековата судбина;

-Правдата не е, и никогаш не смее да биде, ексклузивен имот на тесна каста правни специјалисти или техничари на правото;

-Правдата е заедничко политичко добро, имунолошкиот систем на едно општество против корупцијата и девијациите;

За клучните столбови кои го прават овој предлог демократски спорен:

-Свесното амнестирање на службените злоупотреби преку перфидни јазични замки и субсидијарни клаузули;

-Нападот врз сопственоста на граѓаните преку елиминација на судската дискреција (слободно судијско убедување) и пропорционалноста – балансот помеѓу јавното добро и интересот кој се заштитува наспроти соодветноста на казнените мерки кои државата ги определува;

-Несообразноста со европските директиви и меѓународните конвенции како Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата;

-Институционалниот страв на елитите да се соочат со потеклото на сопствениот имот преку апсурдни временски ограничувања;

-Опасноста од злоупотреба на новите технологии како средство за масовен надзор над граѓаните под параванот на безбедноста;

-Фискалниот и институционалниот дефицит кој овој закон го прави само една празна, популистичка школка.

Оттука, нужна е СЕРИОЗНА АМАНДМАНСКА РЕВИЗИЈА, овој предлог ќе се претвори во инструмент за правен популизам кој ги жртвува фундаменталните права за сметка на краткорочни политички поени.

Аналитички детали по неколку членови од предложениот текст

Член 130: Повеќе од само бришење на „предлогот“ – Потреба од гонење по службена должност

Во членот 130 интервенцијата ви е само делумна. Значи, тука само се брише делот за жртвата да поднесе „предлог“ за кривично гонење што значи дека повеќе нема ограничување да мора само жртвата да поднесе предлог како услов сторителот да се гони кривично. (демек нема повеќе да биде врзано со предлог).

Но, тоа е само првиот и недоволен чекор. Во одредбата треба експлицитно да се наведе дека гонењето може да биде и по службена должност!!! Ваквото јасно наведување на можноста органите на прогон самостојно да го сторат тоа наметнуваат и очевидна обврска тие да не бидат пасивни при соочување со случаи на семејно насилство. Целта е, почитувани, да НЕ ни се случуваат повеќе Росици!

Член 353: Јазична гимнастика за неодговорност

Мораме отворено да запрашаме: зошто во членот 353 став 1 свесно се ограничувате исклучиво на „имотна корист“? Со предлогот е исфрлена клучната намера „на друг да му се нанесе штета“. Пред 2023 година имавме широк поим „некаква корист“, кој сега во 2025 се сведува на „некаква имотна корист“. „Корист“ во оваа смисла може да биде и права врз нешто, сопственост, плодоуживање, користење и милион други работи од граѓанското право. Корист може да биде и незаслужено вработување, назначување, избор и слично.

Член 98-а: Имотот и „Магичната граница“ од пет години

Иако членот 4 се повикува на Директивата (ЕУ) 2024/1260, формулацијата дека „судот е уверен“ е премногу субјективен и опасен стандард кој води кон арбитрарност. Но, она што е навистина скандалозно е временското ограничување за конфискација на имот на само пет години наназад.

Член 300-б: Сообраќајната безбедност vs. Репресивниот популизам

Облигаторното одземање возило со зборовите „ќе се одземе“ е директен атак врз судиската дискреција. ЕСЧП во случаите Јајлали против Србија и Маркус против Латвија е дециден: задолжителната конфискација која не дозволува судијата да изврши оцена на пропорционалноста е повреда на правото на сопственост.

Проектот „Безбеден град“ и ризикот од масовен надзор

Буџетскиот лавиринт и ГРЕКО

Предлагачот тврди дека законот нема фискални импликации. Тоа е суштинска неточност. Судството ни преживува со 40% до 60% од потребниот буџет. Како што нагласува ГРЕКО во извештајот од март 2025 година, без дигитални бази и форензичари, овој закон е само „мртво слово на хартија“. Административните санкции за функционерите се веќе нефункционални, а овој закон само ја продлабочува таа институционална дупка.

Заклучок

Овој Предлог-закон во сегашната форма е инструмент за правен популизам кој ги жртвува фундаменталните права за политички поени. Ја сакаме безбедноста и државата без корупција, но патот до таму не води преку штитење на минатото и репресија врз граѓаните. Без СЕРИОЗНА АМАНДМАНСКА РЕВИЗИЈА, ова ќе остане само „правна козметика“ на една длабока криза на правдата.

Извори: Собрание на РСМ и ЦивилМедиа.мк

Ана Чупеска законик Поенти Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.