Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022 се ближи кон крајот-Алијанса на Албанците најави дека нема да гласа

0
By Mirjana on December 15, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието денеска е претпоследниот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. Според Деловникот за работа, расправата за Предлог-буџетот на пленарна седница трае пет дена.

Во текот на изминатите денови, власта и опозицијата излегоа со спротиставени ставови. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се обезбеди непречено функционирање на основните функции на државата и се дава поддршка на реформските процеси во правосудството и на евроинтеграциските процеси. Буџетот, како што посочија, е донесен низ транспарентен и инклузивен процес за што доказ е прифаќањето на 23 амандмани во вкупна вредност од околу 382 милиони денари од кои поголем дел од опозицијата.

Забелешките на опозицијата се дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно се предвидени голем број капитални инвестиции, а граѓаните нема да добијат ништо за да се подобри нивното секојдневно живеење. Оценките на опозицијата се дека нема да се реализираат капиталните инвестиции за што, според нив, потврда е нивната слаба реализација во изминатите години, а забелешки имаат и на тоа дека намалени се средствата планирани за привлекување на странски инвестиции и дека не се планирани средства за аерозагадувањето. Според опозицијата, земјата е на последно место во регионот по повеќе економски параметри.

Од Алијанса на Албанците се изјаснија дека нема да дадат поддршка на Предлог-буџетот затоа што, според нив, приоритетите во Предлог-буџетот се нереални, има отсуство на транспаретност, загрижува нивото на јавниот долг и постојат причини поради кои може да не се реализира предвидената стапка на економски раст.

Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.

Предлог-буџетот беше усвоен на 30 октомври од страна на Владата заради запазување на роковите за донесување, а поради изборниот молк, соопштението од владината прес-служба беше објавено на 1 ноември. Предлог-буџетот потоа беше доставен до Собранието каде помина низ десетдневна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повторно вратен во Владата каде беа прифатени 23-те амандмани. Како дополнет Предлог-буџет е доставен до Собранието. Согласно законот, овој стратешки документ на државата треба да биде донесен најдоцна до 31 декември.

претпоследен ден расправа буџет 2022 Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.