Македонскиот парламент го зголемува возниот парк. Законодавниот дом објави оглас за купување на четири автомобили за што ќе издвои 3,5 милиони денари (околу 60.000 евра) без ДДВ како што стои на интернет страницата за јавни набавки.
Критериум за доделување на договорото, според објавеното, е најниска цена, постапката ќе биде електронска како и аукцијата. Подновувањето на Собранието на Република Македонија доаѓа по еден месец од набавката на два автомобила од марката Форд Мондео Тренд што чинеа 50.000 евра.