Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалистите на Еди рама водат на изборите во Албанија

0
By Нова ТВ on June 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 24, 2013 14:47

Социјалистичката партија предводена од Еди Рама води во резултатите од парламентарните избори одржани вчера, по преброени 15 отсто од гласовите, соопштија изборните власти во Албанија.

Според првични резултати од Централната изборна комисија на вчерашните паралментрани избори гласале 53 отсто од вкупно 3,3 милиони гласачи во државата.

По завршувањето на изборниот ден и Сали Бериша и Еди Рама прогласија победа на изборите. Конечните резултати од изборите, осми по ред по паѓањето на комунизмот, според локални медиуми нема да бидат објавени до утре.

Инаку изборите ги следеа низа нерегуларности и обвинувања за купување на гласови. На денот на изборите беше убиен контролорот на албанското Социјалистичко движење за интеграција, а тројца други беа повредени во престрелка во близина на избирачко место во една гимназија во градот Лач.

Еден од ранетите е кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша, а до пукање дошло по конфликтот меѓу приврзаниците на Демократите и на опозициското Социјалистичко движење за интеграција на Еди Рама.

Беше нападната и екипата на тиранската телевизија Топ-Чанел која го следела изборниот процес во албанскиот град Лач. На снимателот му била искршена камерата бидејќи снимал како група на луѓе им се заканувале на гласачите дека нема да може да гласаат ако се за левицата.

Еден ден пред гласањето, Централната изборна комисија остана парализирана, без напредок во обид да замени три од седумтте члена на Комисијата.

Членовите поднесоа оставка во април во текот на еден спор меѓу владејачката коалиција на конзервативниот премиер Сали Бериша и опозицијата предводена од социјалистите со Еди Рама.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.