Опозицијата во Венецуела со убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, освои мнозинство во националниот парламент со што му зададе голем удар на социјалистите предводени од наследникот на Хуго Чавез, по 17 години владеење.
Опозицијата освоила 99 од вкупно 167 места во Парламентот, и доколку освие уште 19, ќе има двотретинско мнозиство, со што може да го оспори владеењето на претседателот Николас Мадуро.
Владејачката Социјалистичка партија освоила само 46 места. По објавувањето на резултатите, по шест часа од затворањето на избирачките места, на улиците на Каракас започнала народна веселба, со огномети и колони возила по улиците.
Претседателот Мадуро веднаш ја признал победата на опозицијата, истакнувајќи дека сепак, ова било победа на демократијата и уставот.
Победата на опозицијата претставува силен удар врз социјалистичката револуција која пред 17 години ја започна венецуелскиот лидер Хуго Чавез.




