Водечките дипломати на Европската Унија (ЕУ) се сложија да го додадат сопственикот на Челзи, Роман Абрамович на листата на санкционирани руски милијардери по руската инвазија на Украина, истакнаа денеска два дипломатски извора во Брисел.
Неофицијално, зелено светло за додавање на Абрамович на листата било дадено на вчерашниот состанок. Претставници на ЕУ ќе се состанат и денеска за да одобрат дополнителни мерки и нов пакет на економски санкции против Русија.
Санкциите ќе бидат на сила по објавување во службениот весник на ЕУ што обично се случува неколку часа или на ден по формалното одобрување.
Западот го санкционира рускиот милијардер, го замрзна државен имот и отсече голем дел од рускиот корпоративен сектор од глобалните економски текови во обид да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да ги смени насоките во врска со Украина.
Абрамович се наоѓа и на британската „црна листа“. Поседува португалски пасош, што знали дека Португалија може да се воздржи од замрзнување на имотот и забраната за патување, мерки што се донесени на ниво на ЕУ, рече друго официјално лице на ЕУ за „Ројтерс“.




