Откако вчера попладне Слободна Далмација му врачи отказ на колумнистот Борис Дежуловиќ, од солидарност го напуштаат овој весник и Јурица Павичиќ и Анте Томиќ.
“Јас не сакам да работатм за весник кој на осуден новинар му прекинува соработка, а чиј текст е прогласен за најдобар во Европа, а во исто време ангажира коментатори кои по 34 реченици завршуваат со извичник. Тоа е биполарно растројство …”, рече Павичиќ за Далматински портал, додавајќи дека отсекогаш бил и ќе биде противник на ставот кој се негува дека загрепските весници се за либерални и интелигентни, додека Далмација е резервирана за конзервативни и глупави.
Анте Томиќ за N1 потврди откажување на соработката, но не сакаше да ги открие причините, но хрватските медиуми од доброинформирани извори објавуваат дека се работи за солидарност кон Дежуловиќ.
Сплитскиот Окружен суд пред неколку дена пресуди против Слободна Далмација, за текст на на Борис Дежуловиќ од 2012 година- “За нив ќе биде подобро да не постои Бог”, под образложение дека ја прекршуваат честа, угледот и достоинството на десет тужителите и весникот на секој од нив треба да исплати 15.000 куни штета.
Вчера попладне Слободна Далмација му врачи отказ на Борис Дежуловиќ, оправдувајќи го овој потег со пресудата.
Дежуловиќ, добитник на Европската награда Прес 2014 година за најдобар коментар за Fairpress изјавил дека му се јавил главниот и одговорен уредник и му рекол дека прекинуваат соработка со него, на што тој додал- “Нека им пишуваат сега гниди!”




