Published: Thursday, October 8, 2015 15:36
Пратеникот на косовското националиситчко движење Самоопределување, Албин Курти денеска фрли солзавец во салата на Парламентот на Косово, по продолжувањето на седницата која претпладнево беше прекината поради блокада од страна на опозицијата.
Курти го фрли солзавецот откако пратениците се вратија во собраниските клупи.
Пратеничка од Демократската партија на Косово се онесвестила по што била префрлена во Клиничкиот центар во Приштина, пренсуваат медиумите од Косово.
На седницата присуствувале и претставници на меѓународната заедница, меѓу кои и претставникот на Канцеларијата на ЕУ на Косово, Самјуел Жбогар.




