Полицијата во Анкара употреби солзавец и водени топови за да растера околу 150 демонстранти кои се обиделе да стасаат до главната железничка станица за да оддадат почит на стотината жртви во нападите на исламската држава минатата година.
Властите, наведувајќи ги безбедносните причини, забрани секакви собири на комеморативни настани закажани за денеска, кога е првата годишнина од двојните самобиствени напади против прокурдските мировни активисти пред железничката станица.
Станува збор за еден од најкрвавите напади забележани во историјата на Турција во кои загинаа над 100, а над 500 луѓе беа повредени, кога двајца бомбаши самоубијци поврзани со терористичката група Такири Даеш се разнесоа за време на собирот.
Полицијата денеска ги блокира улиците кои водат до станицата и им забрани на демонстраните да организираат марш, а некои ги растерала.
Властите сепак им дозволија на семејствата на жртвите и на некои претставници на граѓанските групи да остават цвеќе на местото на нападите.




