Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сонична младина“ со своја автентична иницијатива насловена „Овде е добро“

0
By Нова ТВ on March 5, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Овде е добро“ е серија од музички настани и видеа на социјални мрежи посветени на независната музичката сцена и на активната младина. Многу повеќе од тоа, „Овде е добро“ е иницијативa која има намера да поттикне размислување и дискусија помеѓу младите за нивниот ангажман во социјалниот, во културниот, во економскиот, но и во политичкиот живот на земјава. Воедно е обид за културно движење што ќе се занимава со лоцирање на проблемите од кои произлегува популарното незадоволство, а ќе има своја цел, преку отворен разговор и фактички дела да се пронајдат начини за овде да биде навистина добро за живеење и креирање.

Најавените музички настани ја слават најголемата инспирација и „најдоброто добро“ во кое уживаат младите – музиката. Низ кратките видеа ќе бидат претставени млади индивидуалци кои се „фрлени“ на самоорганизација и активна борба за задоволување на потребите, наместо очекување некој друг тоа да го стори тоа за нив.

„Активно учество наспроти банално критизерство. Тоа е пораката што ја испраќаме и воедно објавуваме што ние правиме за да ни биде добро овде. Правиме музички настан со сјајна програма и музички имиња што во последните години буквално ја одржуваат музиката и атмосферата на овие простори. Првиот настан ќе се случи во сабота на 7 март во Младинскиот културен центар Скопје, со настап на извонредно популарните Artan Lili од Белград, кои ќе бидат специјални гости и ќе отсвират целовечерен концерт. Ќе ги слушаме и скопските „Pluto’s Doubts“, еден од водечките бендови на новата генерација што радуваат огромен број локална публика. Потоа, Muhamed Ibrahimi, виртуоз на гитара, шаркија и мандолина, со неверојатен углед кај публиката, ќе отсвири дел од неговите два досега издадени албуми и сигурни сме дека неговиот настап ќе биде попратен со нескриено воодушевување. Ги имаме и MvrSvr, ужасно популарен состав со силно контроверзен имиџ, омилени помеѓу младата екипа навлечена на трап/хип хоп звукот. Blackstate е соло проект на Филип (Фиц) Тасевски од „Новиот Почеток“. Секој познавач на музиката ќе се сложи дека ова е неверојатно добар line-up за било каков фестивал, било каде. Сепак се случува овде, зошто овде е добро“, вели Лаика Попова, ПР на „Сонична Младина на Македонија“, организацијата зад настанот.

„Овде е добро“ ќе продолжи со настани низ неколку градови во Македонија, а меѓу најавените музички имиња од програмата на овој „патувачки“ електронски фестивал се: BarumBarum во живо, еден од најпопуларните македонски диџеи Горан Кан, основоположникот на македонската електронска сцена, Мирко Попов, моментално највозбудливиот битолски диџеј Berryqyat, омилениот Нино Флодер, Митрик заедно со својата „Room 313“ и Зоран Веселинов, човекот кој штотуку издаде музика за реномираниот домашен лејбел ПМГ Рекордингс и свири македонска турнеја.

Во рамки на „Овде е добро“ ќе бидат прикажани и видеа што претставуваат млади луѓе кои со својот личен пример и дела придонесуваат овде да е навистина добро. Цената на влезниците е по симболична цена од 100 денари и истите може да се набават на билетарницата на МКЦ и онлајн.

„Овде е добро“ „Сонична Младина“ Иницијатива Концерти фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.