Одделението за безбедност во патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Како што соопштуваат од МВР, денеска од 18 до 23 часот ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улиците „Аминта 3-ти“ и „Наум Наумовски – Борче“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.