На патот Битола – Демир Хисар, на местото викано „Бели Мост“ пред с. Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А. (46) од Битола, излетало од патот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал доктор од Итната помош, се вели во соопштението од МВР.

Како што информираа од МВР, увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.