Четири одбојкарки на екипата на Млади радник од Пожаревац и нивниот тренер се повредени, откако автобусот со првиот тим заврши во ендек кај Печинци во Срем.
Како што пренесува РТС, една од одбојкарките е задржана во детската болница во Тиршова, додека три нејзини соиграчки и тренерот, кој е сместен во болницата во Земун, до крајот на денот ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Останатите, кои биле сместени во хотел во Печинци, се упатиле кон Пожаревац. Најголем дел од одбојкарките се на возраст од 14 до 16 години.