Published: Wednesday, February 25, 2015 10:49
Најмалку девет патници се повредени откако автобус се преврте во близина на Бања Лука. Несреќата се случила минатата вечер околу 19:30 часот на автопатот Бања Лука-Градишка.
Девет патници се полесни повредени.
Со оваа несреќа продолжува билансот на сообраќајни несреќи кај Бања Лука. Претходно во текот на денот на истиот патен правец во сообраќајни несреќи загинаа тројца луѓе.



