Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун се појави на прослава во Пјонгјанг организирана по повод тестирањето на хидрогенската бомба.

27-годишната Ри Сол Џу заедно со сопругот ракоплескаа со публиката на изведувачите кои танцуваа и пееја патриотски песни на прославата.

Последен пат Ри беше се појави во јавноста во декември 2016 година и се шпекулираше дека е бремена со трето дете, па затоа не се појавува на јавни настани.

Ким е трета генерација на династијата што ја води Северна Кореја, но многу малку се знае за „првото семејство“, вклучувајќи ги точните датуми на раѓање и венчавање.

Првата дама наводно потекнува од обично семејство, татко  е факултетски образован, а мајка  е докторка.

Ри наводно се омажила за Ким во 2009 година, а веќе следната година го родила првото дете. Второто дете им се родило во 2012 година.