Планот на францускиот претседател, Емануел Макрон, да издејствува неговата сопруга Брижит да стане прва дама на Франција, се чини дека нема да успее – пишува CNN.
Елисејската палата одбила да коментира на повлекувањето, но има изјава за соработникот на CNN, од The Business Radio Station TV, дека деновиве ќе следува соопштение за јавноста во кое ќе биде објаснета позицијата на Брижит Макрон.
Овој потег се случува во време кога постои онлајн петиција против тоа Брижит да добие официјална титула, статус и буџет. Петицијата ја потпишале повеќе од 280.000 луѓе.
Во серија твитови, владиниот портпарол Кристоф Кастандер ја бранеше позицијата на Брижит Макрон, но рече дека нема да има промени.
– Брижит Макрон игра улога и има одговорности. Ние сакаме да бидеме транспарентни и да ги дефинираме границите на нејзините надлежности при нејзиното отфлање – напиша Кастандер на Твитер.
Брижит Макрон добива повеќе од 200 писма на ден и одржува врска со француската јавност со најголема дискреција – додал тој.
Според Уставот на Франција, сопругата на претседателот не ужива официјална позиција, иако и следува канцеларија и советници.
Додека се бореше за претседателската функција, Макрон инсистираше дека улогата на неговата сопруга нема да биде платена од јавните фондови.
Планот на Макрон ги вознемири неговите политички противници. Тој се подготвува да презентира нови правила кои ќе им забранат на француските парламентарци да вработуваат членови на нивните семејства.
Ако законот помине, секој кој ќе направи такво нешто во иднина, ќе се соочи со глоби и потенцијална казна затвор.
Измислени работни места
Последната изборна кампања во Франција беше исполнета со скандали за измислени работни места, во кои беа вклучени десничарскиот кандидат Марин ле Пен и неговиот опонент, конзервативецот Франсоа Филон.
Во јуни, неколку недели откако дојде на власт, Макроновата министерка за одбрана, Силви Гулард, даде оставка откако беше вклучена во скандал со измислени работни места.
Минативе недели, опозициските законотворци го изразуваат својот гнев кон очигледно контрадикторните ставови на францускиот претседател.
Хуго Берналицис, кој е дел од лево ориентираната коалиција „ La France Insoumise “ ја обвини партијата на Макрон за лицемерие, затоа што забранува да се вработуваат роднините на пратениците, а ја турка идејата за доделување официјален статус на Брижит Макрон, која не е изгласана од никого.
Тиери Мариани, член на Републичкото народно собрание, го обвини Макрон за водење дволична политика.
Претседателот Макрон, последниве недели е под зголемен притисок на јавноста. Направени се бројни анкети, според кои неговата популарност е намалена откако тој стапи на функција во мај.




