Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопственик на градежна компанија сведочи во „Плацеви на Водно“: Коце Трајановски ми должеше пари и ми рече да ѝ донирам на ВМРО-ДПМНЕ

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 17, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Денешен.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сослушување  сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацeви на Водно”.

Прв беше сослушан сведокот на обвинителството Сузана Николовска, која е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година и била советник во општина Гази Баба од 2009 до 2013 година, која рече дека има донирано средства во износи од 200 и 60 илјади денари за оваа партија.

– За сумата се сеќавам дека беше назначена, за која цел не се сеќавам. Едноставно само донирав, изјави сведокот Николовска.

На прашање од одбраната, таа рече дека пари на рака нема дадено на никого, и сите уплати ги вршела со каса-прими. Сведокот, рече дека Никола Груевски не го познава, освен од медиуми.

Сведокот Драган Оѓњановски, кој е сопственик на градежна фирма, рече дека донирал 300 илјади денари пред изборите во 2006 година на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– Тогашниот градоначалникот на Гази Баба Коце Трајановски ми се јави, бидејќи ние сме градежна фирма и работиме со општини и други институции. Општината ни должеше пари и не ни ги исплаќаше, па Трајановски ми се јави пред избори и ми рече да уплатам донација на партијата пред изборите и дека за сметка на тоа ќе нема да има никакви проблеми со исплата и ќе помагаат колку ќе помагаат ако дојдат на власт, изјави сведокот Огњановски.

Парите, рече дека ги дал во старата жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ на Гордана Јанкулоска, за што добил каса-прими.

На прашање од одбраната, дали некогаш му дал пари лично на Никола Груевски, сведокот рече не, и дека не го познава Груевски.

Прашан дали за донацијата пријавил на некоја институција, сведокот рече не.

На прашање од одбраната, дали за донацијата очекувал некаква противуслуга, сведокот рече, „не, доволно е да не не закачаат, не мене, туку фирмата”.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Со ова, заврши сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителството и по паузата треба да се продолжи со изведување материјални докази од одбраната.

Никола Груевски обвинителство Плацеви на Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.