Во хеликоптерот кој синоќа се урна по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем бил и сопстевникот на „лисиците“, тајландскиот милијардер Вичај Шриваданапраба, потврди Дејли Меил. Некои од медиумите јавуваат дека внатре имало шест луѓе. Се стравува дека во него бил и менаџерот на клубот Клод Пуел, како и ќерката на сопственикот на Лестер.

Потпретседателот на клубот и спортски директор, Џон Рудкин наводно не бил во хеликоптерот.

https://www.youtube.com/watch?v=_PIIJHD4CjQ

Хеликоптер со кој сопственикот доаѓал и си одел од мечевите се урна веднаш по полетување во близина на стадионот.

Очевидци кои биле на натпреварот кажуваат како веднаш го проголтал оган.

„Перките на опашката не работеа, моторот престана да работи, по што се слушна силен звук. Кога се свртев елипсите почнаа да вртат, а хеликоптерот падна на земја. Се се претвори во џиновска топка од оган“, изјавил  еден од навивачите кој бил на стадионот.

Хеликоптерот бил проектиран за шест патници и двајца членови на посадата. Причина за уривањето е дефект во моторот кој откажал веднаш по полетувањето.

Шеесетгодишниот Шриваданапраба му помогна на клубот да се врати на врвот на англискиот фудбал, а под негово раководство во 2016 година освои  прво место во Премиер лигата.