Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состојбата на М-НАВ денеска на седница на Влада

0
By Ана Василевска on January 9, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

– На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението од Влада од 4 јануари.

Ќе бидат повикани, како што беше тогаш најавено, Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

– Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага. Предлогот не беше прифатен, и на четворицата осомничени им беше определена мерка претпазливост.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, соопшти дека постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против четири лица кои биле спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

-Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, се посочува во соопштението од Судот.

Нападот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Претседателот на ССКЛ Тасевски, пак, по инцидентот, најави дека Контролата на летање ќе стапи во генерален штајк на 10 јануари  доколку директорите во М-НАВ не си поднесат оставки или пак Владата не ги разреши, како што најави.

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди на прес-конференција ден по инцидентот изјави дека за упадот во М-НАВ и напад на вработени е закажан Комитет за безбедност во компанијата и оти во интерес на истрагата нема да коментира дополнително.

Нема да даде оставка затоа што како што рече зад него стојат многу позитивни резултати и оти Владата веќе најавила разрешување на раководството, а случувањата ги оквалификува како „немил настан“ и „конфликт помеѓу двајца колеги“.

Тој вели дека апсолутно гарантира за безбедноста на македонското небо во време на конфликтот. -Се работи за некој личен… Има кошкања во секоја организација. Лицата се вработени во М-НАВ во тоа што се случило. И тоа не е во делот трет, четврт, колку што мене ми е познато. Има камери, ќе се утврди, наведе Хамиди.

Според него, претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски со обвинувањата за работата на раководството и оспорувањето на огласот за вработување постапува од негови лични мотиви и интереси.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, по инцидентот во М-НАВ со упад во институцијата на напад на вработени, за МИА изјави дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан, инцидент или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во Контролата на летање, истакнува Тунтев, работат искусни и стручни професионалци, што многу добро си ги знаат своите обврски и должности за одржување безбедно небо.

За настаните во М – НАВ имаше повеќе реакции од политички партии и невладини организации.

Влада ДУИ М-НАВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.