Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјална реформа: 600 корисници ќе добиваат грижа од 150 обучени негователи

0
By Biljana on March 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 17:08

Под слоганот „Силни жени-силни заедници“, денеска во Македонска филхармонија се одржа настан во пресрет на 8 март-Меѓународниот ден на жената.

Вклучувањето на жената во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на програмите за вработување на тешко вработливите жени во заедницата беше носечката тема на настанот.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потенцираше дека за да може едно општество да се декларира како демократско и современо треба да овозможи еднаков пристап и еднакви можности и на жените и на мажите за придонес кон развојот на општеството.

„Нашата цел е поддршка на сите жени, да креираме политики кои ќе значат подобрување на нивната положба. Жени претприемачки, жени од рурални средини, тешко вработливи жени, жени работнички, политичарки, жени домаќинки. Индивидуален пристап кон секој проблем, кон секоја специфичност со која овие жени секојдневно се соочуваат,“ рече Тренчевска и додаде дека „Силни жени-силни заедници“, не треба да е само флоскула, туку преку конкретни активности и мерки вистински да се насочиме кон зајакнување на жените, заедниците и целото општество.

Според неа, преку Оперативниот план на активни програми и мерки, кој беше донесен минатата година, беа пилотирани сет нови мерки кои во рамки на Програмата „Економија на грижа“, кои на жените им даваат можност да се обучат, да работат и истовремено да учествуваат во испорачување на социјалните услуги.

„Економијата на грижа станува дел од социјалната реформа во државата и претставува исчекор во социјалната агенда која има за цел решавање на прашањата на ранливата категорија на граѓани кои имаат потреба и од вработување, но и од нега и грижа. Истовремено, претставува и поддршка на процесите на деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги, со кои директна придобивка имаат граѓаните во својот дом, во своето место на живеење,“ рече Тренчевска.

Во рамките на двете пилот мерки, ќе се постигнат две многу важни цели: обезбедување нови вработувања и зголемување на вработливоста кај ранливите невработени лица, а во исто време и испорачување социјални услуги реализирани во локалните заедници.

„Верувам дека невработените лица кои ќе се вклучат во оваа програма на долг рок ќе бидат од голема корист за заедницата и ќе овозможат помош и поддршка на нивните сограѓани на кои таа им е најпотребна и со тоа ќе им го направат животот поубав и посреќен. Подадената рака на болните и изнемоштени лица нема цена. Агенцијата за вработување е горда што е дел од Оперативниот план и што заедно со своите партнери има можност да допринесе во подобрување на квалитетот на живот на корисниците на нејзините услуги,“ изјави директорот на АВРСМ Беким Мурати.

190 невработени лица ќе имаат можност да поминат верификувани обуки за неговател/ка – асистент/ка во неколку области, и со тоа потоа да се вработат во социјалните сервиси создадени и раководени од невладините организации – провајдери на услугата како партнери на МТСП и АВРМ.

Шест новоформирани невладини организаци денеска ги добија договорите со кои што и официјално стануваат дел од активностите за испорачување на социјални услуги на локално ниво. Со мерките, во првата година ќе се опфатат околу 600 крајни корисници на национално ниво, а ќе бидат отворени околу 150 работни позиции претежно за жени.

Исто така, со оваа нова иницијатива се создоа нови видови социјални услуги и за истите нови профили на занимања кои досега не постоеле како такви (асистент и неговател за лица со Алцхајмерова болест, асистент и неговател на лица со мултиплекс склероза, како и за други лица зависни од помош и поддршка од некој друг).

Програмите за вработување на ранливите групи преку економија на грижа ќе бидат дел и од новиот Оперативен план на активни мерки и програми за вработување 2022 година.

Инаку, настанот се одржа во организација на Министерството за труд и социјална политика, a во соработка со УНДП, швајцарската амбасада и Агенцијата за вработување.

МТСП Силни жени-силни заедници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.