Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалната дистанца, предизвика „гужва“ во онлајн-просторот каде владеат сајбер „Казанови“

0
By Mirjana on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
Photo: ORadiO.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 14:02

– Пандемијата како општочовечко зло ги засегна сите генерации. Преприсутната виртуелност и претходно водеше кон социјална изолација. Младите на возраст во која вообичаено се реализираат партнерските релации, останаа затекнати, уплашени, трагајќи по вистинска прегратка, допир, бакнеж, наспроти виртуелните со кои и претходно беа преплавени. Но,овој пат немаа избор , студениот екран на кој што има се, а впрочем нема ништо, колку и да звучи застрашувачки им стана единствена опција што доведе до зголемен интерес за онлајн запознавање и дружење . Вака професор доктор Викторија Вујовиќ психијатар-психотерапевт. ја објаснува глобалната појава на пораст на корисници и тоа од сите генерации на апликациите за запознавање. Таа  за НоваТВ вели дека се повеќе млади со кои работела периодов си ги поставувале клучните прашања, зошто баш на нашата генерација да и се случи ова.

– Младите бараат помош, прашувајки по кој знае кој пат зошто баш нив да им се случи пандемија. Младоста и се што оди со неа е единствена и неповторлива, а во овие пандемиски времиња има дури и премногу време да се размислува за неа. Младешките дружби сведени на минимум,телефонскиот разговор после кој не следи средба, вознемирува. Социјалните мрежи стануваат здодевни, виртуелноста плаши..зарем никогаш..нема да се видиме, допреме, почуствуваме, патуваме..водиме љубов и што ли уште не. А, така мора….немаме избор, открива Проф,Др. Вујовиќ некои од дилемите со кои се соочуваат младите периодов откако трае епидемијата.

Photo: ORadiO.rs

Таа за НоваТВ, дури открива и за се поприсутната појава кај партнерите, кога и покрај нетрпението кое трае меѓу нив сепак решаваат да останат „заробени“  во старите врски од страв да ги прекинат и да не не најдат друг партнер поради страв од пандемијата.

И во едни вакви услови, на сцена стапуваат апликациите за запознавање кои станаа места за виртуелна интимност, романтика и за водење љубов.

Гугл, минатиот месец соопшти дека побарувачката на вакви платформи на интернет во САД  била зголемена за дури 3.400 % што претставувало рекорд за последните пет години. Тој скок на интересот кај повозрасната генерација, исто така за минатиот месец,  изнесувал 3.500%.

„ Тиндер“ и „ Баду“ апликациите како и онаа на „ Гриндер“ за ЛГБТИ заедницата, се апликациски платформи за организирање состаноци кои се многу актуелни последниот период и меѓу македонските корисници, велат истражувачите на онлајн просторот за НоваТВ. Но, за разлика од другите земји, кај нас реализацијата на состаноците во живо , по прво остварениот контакт на некоја од овие апликации е многу мал или поради страв да се отиде толку„ далеку или поради претходна разочараност дека она што се претставува виртуелно, не е ни приближно исто како во реалноста. Па така во 85 % од случаите, само 15 % се решаваат за физичка средба.

Photo: KOM

Ако до некаде се посакувани апликациите за запознавање, тие до пред пандемијата, беше детектирано, дека претставуваат вистинско „зло“ за развој на многу полови болести па дури и за оние подзаборавените.

Своевремено стручњакот за сексуално преносливи болести и вирусен хепатитис од Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести Ендрју Амато Гаучи изјави дека ширењето на сифилисот во Европа е интензивиран поради загрижувачките трендови во човековото однесување но и поради апликациите како „Тиндер“ и Гриндер“.

Тогаш се пласираа информациите дека за периодот од 2010-та година до 2017, бројот на заболени од сифилис во Европа е зголемен за 70 отсто. Во некои земји забележана е вистинска епидемија на сексуално преносливи болести. Во Исланд бројот на заболените пораснал за дури 876 отсто по што следеле Ирска со 224 %, додека во Велика Британија и во Германија, бројот на заболените од сифилис бил удвоен.

 

 

виртуелни контакти Социјална дистанца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.