Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет до Македонија од нобеловецот Пол Кругман: Со подобри патишта до повеќе инвестиции

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрување на патната инфраструктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи.

Ова го посочи нобеловецот Пол Кругман во денешниот настап во рамки на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“.

Кругман кој е и истакнат колумнист во Њујорк Тајмс, покрај тоа што е едно од водечките имиња во економските кругови во светот вели дека иако светската економија се наоѓа во турбулентен период, сепак тој не очекува светот да ја заврши годината со рецесија, и дополни дека очекува економски раст иако, рече, е тешко да се каже какви се изгледите за тоа.

Кругман се осврна на повеќе теми во својот говор, меѓу кои и инфлацијата потенцирајќи дека истата е глобална и дека ја има и во САД и во Европа и насекаде во светот. Воедно тој се осврна и на влијанието на тековните случувања врз глобализацијата посочувајќи оти според него светот се повеќе се оддалечува од глобализацијата.

„Изгледите се дека се оддалечуваме од глобализацијата, и иако тоа се јавува како тенденција, сметам дека нема да дојде до целосно затворање на земјите. Трудоинтензивните дејности не очекувам да се вратат во развиените земји, тоа се големи инвестиции, но голема е веројатноста да се преселаат поблиску до развиените земји. Сепак, платите во земјите кои се поблиску до развиените се повисоки, но голема е веројатноста да се селат компаните од Азија во Централна америка, поблиску до САД. Додека пак за Европската унија тие што сакаат поблиску да се до Европа ќе се преселат во земји на Балканот, или во вашиот регион, иако платите тука не се ниски како во Бангладеш, но се пониски од Германија“, рече Кругман.

Добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман осврнувајќи се на состојбите по кризата предизвикана од пандемијата, но и од војната во Украина, истакна дека се чувствуваат последиците но засега не може да се зборува дали технички земјите ќе бидат во рецесија.

„Инфлацијата има високи стапки. Зборуваме за навистина прегреани економии. Пред некое време инфлацијата беше задржана само на одредени стоки, но сега гледаме дека таа се проширува. Добро е што економиите се жешки, но сега мислам дека е значајно тие да се оладат. Многу е важно да има еден период во кој економиите ќе растат побавно отколку нивниот производствен капацитет. Мора да се отстрани таа прегреаност. Дали ќе има рецесија во техничка смисла – одговорот на тоа прашање е нејасен. Се разбира дека има можност за период на бавен, но не толку негативен раст и развој“, рече Кругман.

Според него, економиите постепено ќе се вратат во својата патека, иако тоа тешко се менаџира. Објасни дека без разлика дали ќе има или не рецесија, сите ќе чувствуваме економска мака и болка. Сепак, тој посочи дека добра вест според него е што податоците, анализите, и истражувањата не покажуваат дека инфлацијата станала дел од нас и оти е вкоренета во глобалната економија. (С.К.)

Македонија Пол Кругман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.