Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на честа: Слободен печат не го нарушил угледот на Иванов

0
By Нова ТВ on December 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија ја разгледа претставката на Кабинетот на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, во врска со објавувањето на фотомонтажа од дневниот весник „Слободен печат“ од 30 ноември 2017 година со наслов „Вака ли ќе се помириме“. Со неа се прави поврзаност меѓу чинот на доделување на признанието од претседателот Иванов на директорот на Македонска опера и балет, Игор Дурловски и сцена од повредените пратеници од насилствата во македонскиот Парламент.

Советот на честа констатира дека се неиздржани наводите на Кабинетот на Претседателот за тоа дека објавената фотомонтажа го нарушува угледот на институцијата Претседател и ги омаловажува одликувањата и признанијата на државата.

Угледот на Претседателот најмногу зависеше од однесувањето на самиот шеф на државата за време на политичката криза. Тој ги помилува учесниците во аферата за прислушување, која потоа беше повлечена, надвор од неговите уставни ингеренции спречуваше да се формира нова влада и врачи признание на институција на чие чело беше еден од организаторите на насилниот упад во Собрание на 27 април годинава, кое Јавното обвинителство го оквалификува како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Затоа, Советот верува дека „Слободен печат“, со објавувањето на оваа фотомонтажа, не го прекршил Кодексот на новинарите на РМ затоа што новинарите имаат право фактите да ги стават во одреден контекст и да ги интерпретираат истите, со цел на едноставен начин да пренесат одредена информација до јавноста.

Во врска со тврдењата на Кабинетот, дека весникот грубо го прекршил правото на презумпција на невиност на Игор Дурловски, Советот не најде такви наводи во објавениот текст. Напротив, оцени дека истиот може да се смета како добар пример, како новинарите треба да известуваат за судски постапки.

ЗНМ Иванов Слободен печат Совет на честа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.