Советот за безбедност на ОН на итна седница за ситуацијата во Украина не дојде до никаков резултат. Нема одлука за преземање акција, и предупредува дека можно е разгорување на жариштето на источниот дел од земјата.
Заменикот на Генералниот секретар за политички прашања Јенс Франдсен соопшти дека ОН се длабоко загрижени за можните последици.
Посочувајќи дека борните би можеле да трааат и неколку години, Френдсен рече дека Украина е изложена на катастрофални повеќемесечни борби.
Според руските претставници пак, недостатокот на мониторинг врз украинските сили довеле до жестоките борби.
Американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер, смета дека Русија постојано говори за мир а паралелно поттикнува на војна.
Американскиот Стејт Департмент образложи дека Украина има право да си ја брани територијата и дека Вашингтон е подготвен на нови санкции за Москва.




