Published: Monday, December 19, 2016 15:58
Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција за што побрзо распоредување посматрачи во Алепо кои би ја надгледувале евакуацијата.
Тие се обврзани да поднесуваат извештаи за судбнината на цивилите кои ќе останат во градот.
Едногласноста во усвојувањето на резолуцијата, за аналитичарите е прв знак за единство во изминатите неколку месеци, меѓу светските сили околу кризата во Сирија.
Членките на Советот за безбендост синоќа постигнаа договор за нацрт резолуцијата откао Франција која е поднесувач ги прифати забелешките на Русија.




