Претседателот на Советот за факти, Сашо Поцевски за„„Ноќно студио“ на Телма синоќа кажа дека од сите судии за кои се води постапка затоа што низ нивни раце помина притворот за бегалците од правдата, најмногу опструкции, како што ги нарече „неверојатни опструкции“, имале од судиите од Врховниот суд.
Претседателот на Советот за факти, Сашо Поцевски потврди дека судиите во основните и во апелациските судови ги подигнале поканите испратени преку препорачана пошта, но не и од Врховниот суд за кој советот и претходно се жалеше дека наидува на затворени врати.
Претседателот на Врховен, Јово Вангеловски заработи кривична пријава од Советот затоа што во септември не им дозволи увид во предметот „Тврдина – Таргет“, но Скопското обвинителство деновиве ја отфрлило пријавата за несовесно работење, потврдиле од Обвинителството за Телма.
Тој кажа дека претседателот на Врховен, Јово Вангеловски не дозволил увид на Советот за факти. Тој е убеден дека ќе успеат да докажат дека е сторено кривично дело од страна на претседателот на Врховен.
По истрагата на Советот за факти, Судскиот совет е тој што одлучува дали за судиите може да следува санкција.