Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на Европа би можел да го добие првиот генерален секретар од Швајцарија

0
By Marija Todorovska on January 12, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: europewatchdog.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За генерален секретар на Советот на Европа, кој ќе биде избран во јуни, потврдени се тројца кандидати – Дидие Рејндерс од Белгија, Естонецот Индрек Сар и Швајцарецот Ален Берсет. Поранешниот претседател на Швајцарската Конфедерација Берсет има добри изгледи да биде избран на таа функција, пишува денеска весникот „Ноје цирихер цајтунг“.

Весникот потсетува дека Советот на Европа е најстарата паневропска организација, но оценува и дека оваа организација има проблем со тоа што луѓето многу малку знаат за неа. За разлика од Европската Унија, Советот на Европа не може да донесува обврзувачки закони, туку само конвенции.

„Таа организација не ја ни следи идејата за европска интеграција, туку ги обврзува своите членови да ги почитуваат човековите права и разбирањето меѓу народите. „Свеста на Европа“ така го нарече еден од основачите, поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер“, пишува весникот.

Берсет, социјалдемократ кој беше член на Федералниот совет, односно владата на Швајцарската Конфедерација и според системот на ротација во 2023 година и нејзиниот претседател, ќе биде првиот Швајцарец на чело на Советот на Европа.

Еден од спротивставените кандидати, речиси непознатиот поранешен министер за култура на Естонија, Индрек Сар, има многу мали шанси, оценува весникот.

„Другиот, Дидие Рејндерс, сè уште е комесар за правда во Европската комисија и претходно извршуваше важни министерски должности во Белгија. Сепак, тој 66-годишник можеби е малку фрустриран. Тој веќе еднаш се кандидираше за генерален секретар на СЕ во 2019 година, а новата кандидатура следеше дури откако неговата либерална партија одби да го стави на листата на кандидати за овогодинешните европски избори“, наведува весникот.

Затоа, според мислењето на весникот, „динамичниот полиглот Берсет, кој има само 51 година, би можел да биде успешен“ кога во јуни Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го избере наследникот на досегашниот генерален секретар, Хрватката Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

генерален секретар Совет на Европа Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.