Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на СДСМ: Ова е најлоша програма за култура досега

0
By on January 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 23, 2013 13:40

Советот за култура при СДСМ ја оценува Годишната програма за проекти од национален интерес 2013 како најлоша во низата лоши програми што се донесени во изминатите години и не е изненаден од реакциите на многуте уметници и актери во културниот живот на земјата. Оттаму сметаат дека никогаш не бил поголем бројот на непознати и просечни уметници што добиле субвенции од Министерството и никогаш не бил поголем бројот на веќе видени, изветвени и проекти што очигледно не се од национален интерес за Македонија, а што се поддржани во објавената програма.

„Од изборот на проектите не може да се изведе издржан заклучок зошто едни проекти и манифестации добиле средства наспроти други, зошто едни списанија се финансирани со повеќе броеви, а други со помалку, зошто некои ликовни колонии или саеми добиле пари, а други не.“

Постојат неколку тенденции во Програмата што укажуваат на општи текови на „културната“ политика на оваа власт, а се апсолутно погрешни и неприфатливи“, пишува во реакцијата на Советот на култура на СДСМ.

За Советот е неприфатливо тоа што националната програма целосно се поделила на македонска и албанска, при што членовите на комисиите очигледно не се мешаат во работата едни на други.

„Неприфатливо е што националната програма за култура стана паричка за поткусурување на уметниците и културните работници што ѝ служат на оваа власт и на оние што не се согласуваат со владините политики.

Неприфатливо е што постои очигледна тенденција на естрадизација и популаризација на Програмата, која треба да поддржува проекти од врвен национален интерес, а тоа значи со врвен уметнички квалитет. Се поддржуваат проекти на естрадни ѕвезди и дела од популарната култура, кои во сите нормални земји се дел од независната пазарно ориентирана културна индустрија.

Неприфатливо тоа што Министерството за култура се јавува како директен организатор на домашни и меѓународни проекти од церемонијален карактер, кои ќе потрошат најголем дел од објавениот буџет, што е недозволива и недемократска практика за една нормална земја, каде што Министертвото треба да обезбеди непристрасна поделба на проектите, а не самото да се јавува како јадач на народните пари“, се вели во реакцијата.

Во Советот за култура на СДСМ сметаат дека ваквиот терк на Национална програма и начинот на нејзиното нетранспарентно објавување (без резимеа на проектите, без образложение на одлуките и без износ на доделените средства) е одамна надминат. Но, таквата пракса покажува дека Министерството за култура нема никаква визија, компетенции и желба да ги менува состојбите во уметноста и во културата кон подобро.

„Излегува дека сите заложби за донесување на културни политики, стратешки и акциски планови, за кои фингираа масовна поддршка, се само замајување на народот, додека нивниот некомпетентен, просечен и естраден, а алчен, партиски караван си врви“, додаваат од Советот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.