Published: Thursday, January 29, 2015 11:15
Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи вонредна седница посветена на насилствата меѓу Израел и либанското радикално движење Хезбола, пренесува CNN.
Седницата се одржува на барање на Франција после последните насилства во кои настрадаа најмалку тројца, односно двајца израелски војници и еден припадник на мисијата на ОН.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ги предупреди Хезбола дека ќе платат за нападот на израелската воена патрола.
Покрај загинатите, седуммина се ранети.
Одговорноста за ракетниот напад утринава ја презеде движењетп Хезбола, наведувајќи дека е тоа одговор на минатонеделниот напад на Израел на пограничната област при што загинале шест припадници на Хезбола и еден генерал од Иран.




