Советот за безбедност при Обединетите Нации цврсто реагираше и ја осуди последната нуклеарна проба на Северна Кореја и започна дискусија за преземање на значајни мерки против Пјонгјанг, вклучително и нови санкции.
Советот се согласи дека пробата која ја изврши Северна Кореја е најмоќната подземна експлозија на северот, по состанокот зад затворени врати на САД, Јапонија и Јужна Кореја.
Во изјавата на Советот се потенцира сериозноста на повредата и флагрантното непочитување на претходните резолуции на ОН од страна на Пјонгјанг, со дополнување дека ќе бидат преземени значителни мерки како одговор.
Северна Кореја ги отфрла обвинувањата, соопштувајќи дека минато се деновите кога САД можеле да прават нуклеарни уцени против земјата.
Пјонгјанг соопшти дека на 9 септември извршиле нуклеарна проба на високо ниво, што е пак петти тест севкупно и втор во осум месеци.




