Published: Tuesday, December 8, 2015 10:03
Русија побара од Советот за безбедност на ОН да се одржи расправа за воените акции на Турција во Сирија и во Ирак, која би била затворена за јавноста.
Ова е најновиот чекор во низата растечки тензии на релација Москва- Анкара, по соборувањето на рускиот воен авион од страна на туската армија.
Од Советот за безбедност потврдуваат дека Русија побарала ваква расправа, но не
прецизираат кога таа би можела да се случи. Неофицијално, на оваа тема би можело да се расправа уште денеска, по попладневната сесија.




