Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОЗР на „Сенсор доо“ и платила милион евра за два ЛЕД монитори

1
By Нова ТВ on July 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 15, 2017 13:54

Петар Мирчески, директорот на Службата за општи и заеднички работи на владата, денеска на прес-конференција информираше дека СОЗР во 2015 и 2016 година набавила два ЛЕД екрани за што платила близу милион евра. Двата екрани биле набавени преку иста фирма, а цената на екранот во 2016 година е дупло поскапа него на набавениот во 2015 година.

Фирмата преку која СОЗР ги набавувала е „Сенсор доо“

Според документите од Централен регистар фирмата „Сенсор доо“ е од мешовит капитал, а сопственици се Сашо Миноски и фирмата „Тензор“ од Словенија. Прокурист на фирмата е Миха Сенчар од Словенија, а управител е Миноски.

Првиот екран набавен во 2015 година било предвидено да се постави на Факултетот за драмски уметности. На овој тендер понуди доставиле вкупно четири компании. СОЗР со фирмата „Сенсор доо“ договорот го склучила за 340.000 евра.

Вториот екран бил набавен во 2016 година и требал да се постави на Палатата АСНОМ. На овој тендер пристигнале вкупно седум понуди, а договорот со „Сенсор доо“ бил склучен за речиси 615.000 евра, односно дупло повеќе од првиот екран.

СОЗР од „Сенсор доо“ во 2015 година набавила систем за видео надзор на објектот на владата и за тоа склучила договор на 53.000 евра.

Во март оваа година, СОЗР од „Сенсор доо“ набавила хардвер и софтвер за мрежен систем за контрола на пристап. За оваа набавка пристигнале две понуди, од кои пониската цена била 70.000, а највисоката 1.400.000 денари. И покрај критериумот за набавка од најниска цена, договорот бил склучен на 1.400.000 денари.

Мирчески рече дека против вработените кои учествувале во оваа набавка ќе се покренат дисциплински постапки, и рече дека очекува Јавното обвинителство да си ја заврши својата работа.

„Во државата има Јавно обвинителство кое треба да покрене постапка по допрен глас. Ние ќе доставиме и материјал до Ј.О. да постапува во рамки на законската регулатива во Република Македонија“, изјави Мирчески.

Влада ЛЕД монитори Сенсор доо СОЗР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.