Франција и Норвешка се првите полуфиналисти на 25. Светско првенство во ракомет. „Триколорите“, домаќини на турнирот, во четврт-финалето триумфираа над Шведска со 33:30, Норвежаните ја елиминираа Унгарија со 31:28.
Останатите две селекции за завршницата во Париз ќе бидат познати вечерва. Во тек се средбите Шпанија – Хрватска и Словенија – Катар.
Македонија го заврши својот настап на мундијалот во осминафиналето. Норвешка во осминафиналето ги порази „црвено-жолтите“ со 34:24.