Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Македонија игра за историско четврт-финале

0
By Нова ТВ on January 21, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија досега никогаш не била во четврт-финале на Светските ракометни првенства. Нова шанса за, конечно, да биде стане дел од најдобрите осум репрезентации на мундијалските турнири има попладнево (16 ч.) во олимписки Албервил. Норвешка, овојпат, е осминафинална бариера, селекција со која националниот тим одигра 31:31 на последното ЕП во Полска во 2016 година.

Двете селекции добро знаат од каде ќе доаѓа најголемата опасност. Норвежаните се свесни за значењето на Кире Лазаров и се надеваат дека ќе успеат да ја неутрализираат неговата левица, „црвено-жолтите“, пак, знаат за потенцијалот на Сагосен (21), големата надеж на противничкиот тим. И Лино Червар. меѓудруго, го укажа тоа на ракометарите при анализата и подготвувањето на тактика.

Фото: francehandball2017.com

Македонија против Норвешка ќе мора без Дејан Манасков кој се повреди за време на дуелот со Исланд при последниот настап во Мец. Тој меч предвреме го заврши и Филип Миркуловски, но, за среќа, на стручниот штаб тој ќе биде во официјалниот записник за средбата.

Норвешкиот селектор го потенцира Кире Лазаров, го потенцира и Лино Червар на клупата, исто така, како големо оружје на Македонија. Изрази респект кон „црвено-жолтите“ за кои, како што истакна, подготвил план А и план Б. Без да открива премногу детаљи, што е разбирлливо, првиот веројатно се однесува на играта на неговата репрезентација во напад, а вториот во одбрана кога ќе треба да се справува со седум играчи.

Фото: francehandball2017.com

Да се пристапи сериозно на мечот, да се влезе концентрирано во него и да се искористи и најмала прилика што ќе се укаже. Осцилациите да бидат сведени на минимум бидејќи поправен ќе нема. Ова се основните пораки на македонскиот селектор во пресрет на осминафиналниот настап.

„Мора да бидеме цврсти и борбено во сите 60 минути. Норвешка на ланското Европско првенство истакна дека создава тим што ќе има амбиции за самиот врв. Сакаме да ставиме нов печат на овој турнир“, вели Лино Червар под чие водство репрезентацијата покажа карактер во неколку меча во групата Б и со тимска игра попладнево може до највреден резултат досега.

Покрај ремито во Полска лани, Македонија има и победа над Норвешка во квалификациите за ЕП 2010 (30:29) и два пораза (30:36 во првиот бараж меч за ЕП 2010 и 27:29 на СП 2009 ).

Победникот од мечот Македонија – Норвешка во четврт-финалето ќе игра со победникот од средбата Унгарија – Данска.

СП во ракомет

Осминафинале

Норвешка – Македонија (денеска – 16 ч.)

Франција – Исланд (денеска – 18 ч.)

Бразил – Шпанија (денеска – 20,45 ч.)

Русија – Словенија (денеска – 20,45 ч.)

 

 

 

Лино Червар Македонија Норвешка Оминафинале СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.