Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП водени спортови во Гвангжу: Две лица загинаа, десетина се повредени

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 СПОРТ
Фото: scmp.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Забава во ноќен клуб во Гвангжу, во кој се славеше освоеното злато на американскиот женски ватерполо тим на Светското првенство во водени спортови, се претвори во трагедија. Во пад на галерија во локалот загинаа двајца Корејци и повредени се десетина странски државјани меѓу кои осум спортиси, сите репрезентативци на своите земји. Според полициски извори, тројца од нив се Американци, двајца од Нов Зеланд и по еден Холанѓанец, Бразилец и Италијанец. Сите се здобиле со полесни повреди, воглавно расекотини, и се надвор од животна опасност.

„Се беше нормално и во ред до моментот кога се што беше пред нас падна долу. Никој од нас не е повреден и минавме добро во таа смисла, но вознемирени сме. Направивме што можевме иако во тие први моменти и не можевме многу да сториме. Жртвите беа во безизлезна ситуација, ние по првичниот шок гледавме да се преброиме и да видиме дали сме сите тука“, рече Мет Смол, капитен на репрезентацијата на Нов Зеланд.

Се проценува дека во моментот на трагедијата во клубот имало околу 370 гости, голем број од нив учесници на Светското првенство во водени спортови.

„Страшна трагедија. Играчите од нашите машки и женски репрезентации ја прославуваа освоената титула на девојките кога галеријата во клубот се урна“, изјави Кристофер Ремзи, директор на американската ватерполо селекција.

Јужнокорејската полиција соопшти дека приведе еден од косопствениците на дискотеката и на информативен разговор повика уште тројца вработени во истрагата што треба да утврди дали галеријата во дискотеката е изградена без дозвола.

Ватерполо Гвангжу Дискотека пливање СП Тераса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.