Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов: Декларацијата за Гоце е само еден од инструментите на ВМРО ДПМНЕ за заплашување на народот

0
By Biljana on February 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Декларација за провокација – реакција на професорот Ѓорѓи Спасов. 

„Декларацијата за Гоце е само еден од инструментите за заплашување на народот, не за обединување туку за продлабочување на сомневањата, поделбите на патриоти и предавници, на големи Македонци и на оние другите, на чесните и корумпираните. И сето тоа се прави во овој случај преку затворање на очите за се што е направено во сите изминати 70 години за почитување и одбележување на ликот и делото на Гоце Делчев“, пишува во објава на социјалните мрежи професорот Ѓорѓи Спасов.

Неговиот пост доаѓа како реакција, откако партиски членови на ВМРО ДПМНЕ денешното отфрлање на Декларацијата во Парламентот го нарекоа „знак оти СДСМ подготвува ново национално предавство во врска со идентитетот, како што го направил тоа со Преспанскиот договор и со референдумот“.

„Новиот идеолог на ВМРО ДПМНЕ Сашо Клековски пак, вели дека таа Декларација е всушност само еден вид програма за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и со неа се бара само да биде издадена поштенска марка со ликот на Гоце Делчев и се предлага Академијата на науките, со политичка препорака, да одржи научен собир на кој ќе се расправа за ликот и делото на Делчев“, пиша Спасов и додава дека многу поедноставно за ВМРО ДПМНЕ би било да достават предлог до Комисијата за култура во Собранието во рамките на програмата за одбележување на значајни датуми од македонската историја да бидат внесени и некои идеи за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Целата идеологија на ВМРО ДПМНЕ е содржана во постапки низ кои ги обвинува другите за национални предавства, во ширење на стравот дека сите други освен ВМРО ДПМНЕ го загрозуваат македонскиот национален идентитет, сите други се подготвени на нови отстапки, сите други имаат скриени намери и агенди да ја уништат Македонија. Партијата на Мицковски само со таа реторика и се одржува во политичкиот живот“, пиша професорот додавајќи дека нацоналистичка логика со која опозициската партија игра со патриотските чувства на граѓаните и ги злоупотребува за свои политички цели и дневен профит, е веќе добро препознатлива.

„Всушност ги видовме нивните возвишени цели и почитувањето на ликот и делото на Гоце Делчев кога платија над еден милион евра за неговиот споменик пред мостот на Вардар за кој се испостави дека можел да биде изграден и само за 60 илјади евра колку што чинеше споменикот на Скендербег во иста големина во бронза. Ме чуди само како со Декларацијата не предлагаат изградба на уште неколку такви споменици кои би биле излиени во бронза во Италија и би биле поставени во сите општини кај што победија на локалните избори. Тоа би бил добар извор за финансирање на нивните нови градоначалници. Сега имаат можност ‘патриотскиот грабеж’ да продлолжи“, пиша професорот Ѓорѓи Спасов на Фејсбук.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ДЕЛЧЕВ Ѓорѓи Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.