Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски – Аџиќ: Соработката меѓу Скопје и Подгорица е пример за другите во регионот

0
By Marta Pesevska on August 25, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Подгорица, Црна Гора оствари билатерална средба со црногорскиот колега, министерот за внатрешни работи, Филип Аџиќ.

Министрите ја оценија соработката меѓу двете Министерства  како одлична, нагласувајќи го заедничкиот интерес за продлабочување на соработката во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот со дрога.

Министерот Аџиќ во оваа прилика му се заблагодари на министерот Спасовски за искрената поддршка и изрази очекување дека ќе продолжи интензивната полициска соработка и координирани активности. Потврда за висококвалитетната заедничка работа на полициите на двете земји се бројните оперативни информации разменети меѓу НЦБ Подгорица и НЦБ Скопје, како и значајните успешно спроведени акции насочени кон разбивање на организираниот шверц со оружје, дрога и трговија со луѓе.

Министерот Спасовски рече дека Црна Гора е пријателска земја, со која Северна Македонија нема нерешени прашања и истакна дека пријателскиот однос меѓу двете земји треба да биде пример за другите земји во регионот.

Тој особено истакна дека полициската соработка меѓу нашите земји е на високо ниво, посочувајќи ја на пример соработката на специјалните полициски единици и изрази подготвеност за натамошно унапредување, ценејќи дека тоа е од заеднички интерес.

Со оглед на неодамнешното потпишување на договор со Европската Унија за активностите на ФРОНТЕКС во Црна Гора и Северна Македонија, тој ја пофали соработката со таа европска агенција и сподели добри искуства во управувањето со илегалната миграција.

Министрите се согласија дека илегалната миграција е предизвик за безбедноста на двете земји и изразија заедничка волја да придонесат за уште подобро управување со миграцијата и заштита на границите преку поинтензивна соработка во рамките на регионалните иницијативи. „На тој фронт многу е важно усогласувањето на националните системи со системот EURODAC“, нагласи Аџиќ.

Аџиќ ја истакна определбата на Министерството за внатрешни работи и Владата на Црна Гора за натамошно развивање на партнерските односи. Црна Гора и Северна Македонија имаат заеднички приоритет – членство во Европската Унија, а реализацијата на оваа цел ќе биде олеснета со размена на искуства и добри практики и силни регионални врски.

Аџиќ Северна Македонија Спасовски Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.