Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски апелира: Низ дијалог до взаемно добро решение за Синичане

0
By Нова ТВ on July 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Оливер Спасовски апелира на дијалог во населените места во Општина Боговиње како начин за изнаоѓање на заедничко прифатливо и добро решение за сите со цел и граѓаните на Синичане да добијат вода за пиење што е можно побрзо. За мене, наведува тој во објавата на Фејсбук, единствено што е важно е да се постапува по закон и Устав и да не се дозволи да имаме анархија и постапување вон законските прописи.

„Ги почитувам и поддржувам нашите сограѓани од Општина Боговиње и многу е важно да имаме решение на нивниот проблем што ќе дојде низ законски рамки. Апелирам низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење“, напиша премиерот Спасовски на својот Фејсбук профил.

Истовремено во објавата демантира дека со обвинителката Лејла Кадриу водел разговор поврзан со граѓаните на Синичане. Вели дека обвинителката, која постапува по случајот, му се јавила, но оти во тој разговор воопшто не станало збор за граѓаните, туку, како што вели, само и посочил дека нема потреба да го бара оти има јавен обвинител и оти со него треба да се разговара.

Полицијата по добиени сознанија за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане, вчера излегла на терен при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Портпаролот во Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски денеска изјави дека присуството на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности за изградба на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.

Што се однесува до координацијата и соработката со Јавното обвинителство, тој нагласи дека МВР соработува со обвинителството во сите случаи, како и во овој случај околу истрагата што ја води обвинителството.

Случувањата во тетовско околу почеток на изградба на водовод ќе ги испитува и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ). Оттаму попладнево информираат дека Вишото јавно обвинителство ќе го испитува предметот, како и постапувањето на тетовската обвинителка Лејла Кадриу.

„Поради различни информации во медиуми и на социјални мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во нејзиното постапување, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот, врз основа на член 27 став 5 и член 28 став 1 од Законот за јавно обвинителство“, се вели во соопштението.

По извршениот увид, Вишото јавно обвинителство Гостивар треба веднаш да достави информации, а по приемот и анализата на добиената информација, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе донесе соодветна одлука, посочија од ЈОРСМ.

Водовод МВР Оливер Спасовски полиција Синичане
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.