Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Бонус платите за полицијата ќе бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни

0
By Marta Pesevska on May 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево информираше дека на полицајците кои имаат изработено дополнителни часови, бонус платите ќе им бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни.

Одговорајќи на пратеничко прашање што го постави Тани Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски потенцираше дека сите средства по оваа основа досега се подмирени и веќе нема никакви тужби, извршувања, ниту наплати.

-Од моментот на носењето на Законот за полиција, до 2016 година, ниту една година не беше исплатена бонус плата и секогаш во тој пориод побарувањата беа преку судови за да можат полициските службници кои оствариле поголем број работни часови или над 150 во годината, да го добијат надоместот што по закон им следува. До тој момент се исплатени 12,5 милиони евра кои значат исплата и на адвокатски и на сите други трошоци. Во 2016, 2017 и 2018 година беа исплатени сите три бонус плати одеднаш за да бидат повлечени сите тужби, а од тогаш, во 2019, 2020 и 2021 година редовно се исплаќаа бонус плати зашто тие средства ги предвидовме во Буџетот. Сега ниту има тужби по оваа основа, ниту има извршување, ниту наплати. За 2022 година решенијата се потпишани на 5 или 6 јуни сега, зависно од Трезорот, повторно ќе бидат исплатени бонус платите, за сите полициски служебиници. Откако сум јас министер, апсолутно ниту една година нема неисплтена бонус плата, ниту се создавани допонителни трошоци по овој основ, потенцира Спасовски.

Во врска, пак, со мостот во Бардовци на кој, како што укажа Јаревски, секојдневно минуваат камиони тешки и по 40 тона, иако тоа е забрането и максималната дозволена тежина на возила е 7,5 тони, Спасовски најави дека ќе се постави постојана полициска контрола.

-Ќе се договориме да направиме оперативен план, на влезот на Бардвоци ќе има постојано полициска контрола на возила за да се заштити инфраструктурата, но и за безбедност во сообраќајот, заклучи министерот Спасовски.

бонус плагти полицајци Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.