Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски – Фик: МВР покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна

0
By Marta Pesevska on January 11, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна, истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик во Стејт Департментот во Вашингтон, соопшти МВР.

Потенцирајќи го ангажманот на МВР на Република Северна Македонија во развивањето и спроведувањето на силна дигитална политика и стратегии за сајбер безбедност како суштинско значење за заштита на нашите граѓани и инфраструктура, Спасовски ја нагласил подготвеноста за справување со сајбер заканите.

-МВР на Република Северна Македонија покажа исклучителна подготвеност во справувањето со овој вид на закани, при што се формираше меѓу секторска криминалистичка обработка помеѓу Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал , Секторот за компјутерски криминал и Секторот за меѓународна полициска соработка, со цел успешно справување, размена на информации, обезбедување на електронски докази, размена на информации преку меѓународните канали (Интерпол, Европол), контакт со меѓународни Интернет Сервис провајдери, VPN сервиси и др. Со ова на ум, сакам да споделам некои од клучните области на кои нашето министерство се фокусира, истакнал министерот Спасовски.

Притоа, тој го информирал амбасадорот Фик за националните капацитети и унапредувањето на меѓународната соработка на стратешко ниво.

-Прво, ние сме посветени на засилување на нашите национални капацитети за сајбер одбрана. Ова значи инвестирање во најновите технологии, обука на нашиот персонал и спроведување на редовни вежби за да бидеме подготвени за хибридни закани. Тука би го споменал капиталниот проект во насока на градење на дигитална инфраструктура со современ ИКТ податочен центар за опоравување од катастрофи. Тоа е back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Второ, меѓународната соработка и партнерство се камен темелник на нашата стратегија. Соработката со сојузниците и партнерите од НАТО, со Соединетите Американски Држави, е клучна за размена на информации, ресурси и најдобри практики. Ние сме ангажирани да градиме и учествуваме во мултилатерални иницијативи за да се спротивставиме на сајбер заканите на координиран и ефикасен начин. Тоа особено беше евидентно за време на хибридните напади изминатата година, со лажни дојави за екплозивни направи во над 700 државни објекти, а за кои реагиравме и успешно се справивме со воспоставување на посебни безбедносни протоколи, истакнал Спасовски.

Министерот посочил дека поддршката од Соединетите Американски Држави ќе се продлабочи, дејствувајќи и како „одвратувач“ за одредени актерии, но и бедем кој цврсто ќе стои гарантирајќи ја безбедноста на сајбер просторот и воопшто на целата инфраструктура.

Притоа, Спасовски изразил формално барање за натамошна поддршка и помош во развивањето на системот за сајбер безбедност и заштита на критичната инфраструктура на Република Северна Македонија, области чие што значење и безбедност се еден од приоритетите на државата.

Од страна на амбасадорот Натаниел Фик, како што енаведено во соопштението, бил поздравен успехот со изградбата на ИКТ центарот во Прилеп кој овозможува заштита на дигиталните податоци на државните институции.

Тој му честитал на министерот Спасовски за успехот во организацијата и гарантирањето на безбедноста на Самитот на ОБСЕ во Скопје, при што истакнал дека продолжува унапредувањето на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија.

Воедно, Спасовски и Фик се согласиле заеднички да се работи на имплементација на Националната стратегија за сајбер безбедност.

САД сајбер безбедност Спасовски Фик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.