Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази задоволство од тоа како помина изборниот ден. На вечерашната прес-конференција посочи дека за 31,7 отсто се бележи намалување на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020 година.
Најмногу пријави имало во штипската полиција, најбројни биле агитирачите за тоа до МВР стигнале 83 пријави.
За изборен поткуп се пријавени 10 настани, од кои три се веќе отфрлени, а за загрозување на безбедноста се пријавени два настана. Граѓаните покажаа дека демократијата е дел од нашите животи. Во текот на целиот изборен процес, граѓаните покажаа што значи партнерски однос со македонската полиција. Навремено пријавуваа на сомнежи за евентуални нарушувања на избирачкото право, изјави министерот Спасовски посочи дека и во овој изборен процес МВР ја имаше клучната улога и според него полицијата успешно ги презела сите активности за овие избори.
„Го положивме тестот на демократска зрелост и покажавме дека континуирано се развиваме“, рече Спасовски.