Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски и МекКлејн од Вашингтон: Одличната соработка ја негуваме и постојано работиме на нејзино унапредување

0
By Marija Todorovska on January 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 12, 2024 11:30

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е во посета на Вашингтон, оствари средба со конгресменката Лиза МекКлејн која е ко-претседавач со Конгресниот кокус за Македонија и за Американците со македонско потекло.

Изразувајќи благодарност кон конгресменката МекКлејн, во свое и во име на Владата на Република Северна Македонија, министерот Спасовски, како што велат од МВР, ги потенцирал придобивките од заложбите на Конгресниот кокус за Македонија.

-Можам да констатирам дека Американците со македонско потекло успешно се вклопија во американското општествено живеење и учествуваат на рамноправна основа во граѓанските и верските слободи, како и во заштитата на основните човекови права, што ги направи значајни актери во американската заедница, рекол Спасовски, додавајќи дека истиот модел го следи и Република Северна Македонија.

Република Северна Македонија, нагласил тој, се стреми да го усвои и подобри овој модел, работејќи кон создавање на општество каде секој има еднакви можности и шанси за успех.

-Со гордост можеме да кажеме дека оваа двонасочна културна и општествена размена го збогатува и подобрува искуството на животот како во Република Северна Македонија, така и во Соединетите Американски Држави, создавајќи мостови на разбирање и соработка кои ја надминуваат географската дистанца и ги обединуваат заедниците во заеднички цели и вредности, истакнал на средбата Спасовски.

Тој во оваа прилика побарал поддршка за процесот на визна либерализација за Република Северна Македонија и за усвојување на Нацрт законот за демократија и просперитет на Западен Балкан.

Конгресменката МекКлејн, велат од МВР, изразила особено задоволство за денешната средба потенцирајќи  ја во оваа прилика одличната соработка и релациите со македонската заедница во САД која се негува и опстојува со еден взаемен однос на почит и соработка. На предложените иницијативи за поддршка од страна на министерот Спасовски, МекКлејн истакнала дека со задоволство ни стои на располагање да помогне во зајакнување и унапредување на соработката помеѓу нашите две пријателски земји.

Вашингтон МекКлејн Оливер Спаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.