Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Не бев министер за внатрешни работи кога беше распишана потерница по Миленкоски, Чулев беше

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 12:14

Дипломатите, додека не ги побара некоја земја како и за секој граѓанин важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома, рече Заев.

Во врска со апсењето на високиот дипломатски службеник, Миле Миленкоски, кој беше уапсен на 27 август годинава во Србија, Оливер Спасовски за време на  посетата на Куманово денеска изјави дека не бил министер за внатрешни работи кога била распишана потерница по високиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, откако во 2018 му помогнал на братот на ерменскиот претседател да пребега од Ереван во Виена, иако од ерменските власти бил  баран за проневера на околу 7 милиони долари.

Македонското МНР викендов потврди дека дипломатот е приведен во Србија на 27 август годинава. За апсењето, МНР е официјално известено од српското Министерство, преку Амбасадата на Македонија во Белград.

– Меѓународната потерница е распишана од Ерменија на 25 февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев. Што во тој момент е направено – дали е известено МНР, или не е известено, јас немам детални информации. Сега кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Спасовски додаде дека истрагата се водела во Ерменија, а не во Македонија и дека меѓународната потерница била прикачена во МВР веднаш по барањето од Интерпол.

Во врска со упасените македонските дипломати во соседна Србија, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека „ние ќе постапиме согласно сите меѓународни договори коишто сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но оти ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани“.

– Дипломатите, додека не ги побара некоја земја како и за секој граѓанин важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома, рече Заев.

За дипломатот кој бил баран со меѓународна потерници и потоа упасен на македонско – српската граница, како што сум бил информиран од МНР, целата негова кариера дел од времето поминал надвор, дел поминал тука.

– Јас не сакам да навлегувам во деталите на причината зошто е побарана меѓународна потерница и зошто се бара екстрадиција, тоа ќе ви дадат соодветните органи. Но, дефинитивно знам дека е логично тие што работат во МНР коишто имаат свои кариери се долги години таму, поминуваат на мисии низ нашите амбасади како дипломатски советници или слично. Не ги знам навистина деталите и би сакал да ги дознаам, односно ќе се распрашам детално за наодите коишто преку МВР би ги добил како е – покажува дека е тоа така, што се случило. Знам дека 2018 година, како што прочитав, се случиле овие детали, рече Заев.

Премиерот кажа дека ние ќе постапиме согласно меѓународните документи, но оти исто така ќе ги дознаеме и сите правни акти како да се заштитат нашите граѓани.

– Нормално е дека земја која што е развиена демократија, која што ги почитува меѓународните узанси, договори, клаузули, ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин, ќе сакаме да дополнително ги дознаеме сите правни акти кои се, затоа што пред се должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право, рече Заев на промоцијата на поштенската марка по повод 30 години од неависноста.

Миле Миленкоски Наќе Чулев Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.