Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нема посериозни индиции за зголемен број мигранти, МВР е подготвено да одговори на секој предизвик

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска  рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да одговори на секој предизвик, но во овој момент нема посериозни индиции оти може да биде зголемен бројот на мигранти кои ќе поминуваат низ територијата на државата и да биде нарушена безбедноста.

– Од септември месец минатата година ние имаме посебна оперативна акција што се занимава исклучиво со спречувањето на илегалната миграција и дава сериозни резултати во тој дел. Имаме многу ефикасност во делот на одбивањето на таквите илегални обиди. Само минатата недела имаме околу 500 обиди илегални што се одбиени, односно не е дозволен илегален влез на територијата на државата, изјави министерот Спасовски.

Спасовски потсети дека од 2015 година на нашата јужна граница се работи на полициска операција заедно со припадници на полициски служби од земјите со кои МВР билатерално соработува, пред се Вишеградската група, Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска итн… Според него, се работи за исклучителна можност заеднички да се учествува во заштита на нашите граници.

држава МВР Мигранти Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.