Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Полицијата беше нападната на протестите

0
By Нова ТВ on June 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Европската комисија во Брисел, за МИА изјави дека не смета дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестите пред Собранието.

Прашан за критиките од јавноста за реакцијата на полициските сили за време на протестите и потреба да се испита работењето на полицијата таа вечер, министерот смета дека фактот што има десет повредени полицајци „доволно говори дека тие протести не беа мирни“.

– Тоа што се случи пред Собрание пред два дена е што една група која беше дел од демонстрантите предизвика одредени нереди и ја нападна македонските полицајци, нагласи министерот за внатрешни работи.

– Апсолутно немаше никаква прекумерна употреба на сила, затоа што ако немале одредена група која што ќе ги нападне полицајците, ние немаше да интервенираме за да се разбие таа толпа пред Собранието. Ние еднаш видовме што значи да имате упад во Собрание, уривањее на уставниот поредок, тоа беше на 27 април и Македонија не може да си дозволи луксуз тоа да се случи уште еднаш, изјави Спасовски за МИА.

Спасовски изјави дека МВР ќе поддржи мирни протести во секое време, .

– Мирни протести мора да поддржиме во секое време, тоа е право на секој граѓанин на Република Македонија меѓутоа исто така упатувам порака дека нема да дозволам никој по ниту една цена да ги малтретира македонските полицајци, да ги напаѓа, ниту пак да ги напаѓа македонските институции, за тоа ќе мораме да се штитиме. Демократијата значи постапување по некакви норми и правила и мислам дека се она што беше преземено беше во согласност со сите правила и норми, истакна Спасовски во изјава за МИА.

Спасовски денеска во Брисел учествуваше на работен состанок на министрите за внатрешни работи на Западен Балкан, сегашното и идното претседателство на Советот на ЕУ, еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос и комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг.

Учесниците на состанокот, како што соопшти МВР, дискутирале за заедничките предизвици и соработката меѓу ЕУ и Западен Балкан во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика.

Акцент бил ставен на најновите случувања во врска со илегалната миграција во регионот и оперативните мерки за нивно решавање.

– Надоврзувајќи се на приоритетите на Стратегијата за Западен Балкан, разговаравме и за тековната работа во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика, во контекст на претстојниот министерски состанок за внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан, кој ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Тирана, се вели во заедничкото соопштение на учесниците во состанокот.

Тие се согласиле дека обезбедување ефективно гранично управување, борбата против криумчарењето и заедничките напори за спречување на илегалните миграциски текови остануваат врвни приоритети и за ЕУ ​​и за Западен Балкан.

Партнерите од Западен Балкан се заложиле за продолжување на заедничките напори во решавањето на феноменот на странските терористички борци, спречување на насилен екстремизам и радикализација и засилување на борбата против недозволената трговија со огнено оружје.

МВР прекумерна сила протести Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.