Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Убивањето животни нема да се толерира

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2022 ПОЛИТИКА
Во скопската Зоолошка градина се случи варварски чин без преседан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2022 12:42

Навистина мислам дека тоа беше една слика којашто не доликува воопшто на ниту еден граѓанин, а не на институција којашто треба да се занимава со одгледување на животни, со една хумана професија. Така што, постапката и пред Обвинителството и пред надлежните органи, треба да се заврши до крај, се со цел да се прати јасна порака дека такви однесувања не смеат да се толерираат во иднина, потенцира Спасовски.

Полициските службеници вчера во Зоолошката градина во Скопје се соочија со една слика која не доликува на ниту еден граѓанин, а камоли на институција која се занимава со одгледување животни, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за вчерашниот инцидент во Зоолошката градина во Скопје, каде беа заклани 12 коњи и една мазга, за да се нахранат дивите животни.

Тој очекува случајот да се истражи до крај и да се прати порака дека таквите однесувања нема да се толерираат.

– Вчера, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за крим-полиција во Полициска станица Карпош заедно настапија во ЗОО. Имаме поднесено кривична пријава против директорот и уште пет лица кои се вработени во ЗОО. Навистина мислам дека тоа беше една слика којашто не доликува воопшто на ниту еден граѓанин, а не на институција којашто треба да се занимава со одгледување на животни, со една хумана професија. Така што, постапката и пред Обвинителството и пред надлежните органи, треба да се заврши до крај, се со цел да се прати јасна порака дека такви однесувања не смеат да се толерираат во иднина, потенцира Спасовски во изјава за медиумите.

МВР претходно соопшти дека се поднесени кривични пријави против директорот и уште пет вработени лица од Зоолошката градина Скопје.

– На 14.07.2022 во 18 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош лишија од слобода пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник, соопшти МВР.

При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото.

Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.