Во своето денешно гостување во дебатниот магазин „Click21“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оценувајќи ја ситуацијата околу актуелните протести и придружните инциденти рече дека вкупно 54 полицајци биле повредени во текот на протестите.
„Имаше 47 повредени полицајци и тоа во еден ден, инаку вкупната бројка е 54 за сите денови во кои што протестираа граѓаните“, вели Спасовски.
Тој апелираше на мирни демократски протести. Според министерот, крената рака на полицаец е крената рака на државата. (Р.Н.)