Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Во тек е истрага каде се одлеале 30 милиони евра од МВР

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека 30 милиони евра од ова министерство во времето на Гордана Јанкуловска завршиле во приватни фирми и во џебови на поединци. Тој вели дека во тек е истрага за да се утврди кој се учествувал во одлевањето на овие пари.

-Оставам тоа да го покаже истрагата и да не и штетиме дополнително сега на истрагата. Сето тоа што ќе биде откриено, за што работат и соодветни комисии кои што ги формиравме во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, во Бирото за јавна безбедност и Јавното обвинителство, ќе дадат одговор на сите овие прашања, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски вели дека тоа вакво нешто не смее да се дозволи да се повтори. Според него, не само во МВР, туку во сите државни органи треба да се спроведат истраги кои ќе помогнат да се откријат сите злоупотреби кои биле правени.

-Нема да се дозволи ако се поведат соодветни постапки и ако за тоа има одговорност. Се она што е правено не само во МВР туку во сите институции, а за жал нема институција во Македонија дали на централно или на локално ниво, во која што ќе чепнете, а да најдете некој криминал. За тој криминал ќе мора да се носи одговорност, бидејки таквата одговорност праќа порака на овие раководители кои денес ги водат институциите во македонската држава дека мора да се однеусваат одговорно кон граѓаните, изјави Спасовски.

За колкава сума станува збор ќе се знае точно откако ќе заврши истрагата. Спасовски вели дека поради ваквите злоупотреби во изминатите 11 години македонската полиција била без униформи и работи во непристојни услови.

30 милиони евра истрага МВР одлевање Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.