Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО- Спасувачка драма во Тајланд: Две деца се извлечени од пештерата

1
By Нова ТВ on July 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 8, 2018 14:11

Првите две деца од 12 се извадени од пештерата, јавува Ројтерс, повикувајќи се на локални официјални лица.

12 деца и нивниот тренер од пештерата Там Луанг во Тајланд  се заробени од 23 јуни- групата e заробена на мал гребен на 4 километри во внатрешноста на пештерата, но поради стравувањата дека  нивото на водата може да се зголеми,  официјалните лица одлучија дека повеќе не смеат да чекаат.

WATCH: BBC footage of second ambulance leaving cave site amidst reports first boys from trapped team rescued #thamluangcave #thamluang #ถ้ำหลวง #13ชีวิตติดถ้ำ #13ชีวิตรอดแล้ว #พาหมูป่ากลับบ้าน #ThailandCaveRescue pic.twitter.com/03w67yu6QZ

— Howard Johnson (@Howardrjohnson) July 8, 2018

Во акцијата за спасување на децата од пештерата во Тајланд учествува и Данецот Иван Караџиќ. Овој четириесет и четири годишен нуркач вели дека е оптимист за акцијата која почна денеска  за спасување на децата.

 Тој во интервју за „Вечерни новости“  вели: „Направивме значаен напредок. Сите сме расположени и многу сум оптмист. Ќе ги извадиме од таму. Не сум сигурен за временската рамка“ вели  тој.

Според планот што го објавија властите во Тајланд,  двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

Во спасувачката операција вклучени се вкупно 18 нуркачи, од кои 13 се странци. Делови од пештерата и натаму се под вода па за минување низ некои премини ќе мора да се користи нуркачка опрема.

Според планот, децата ќе биде поделени во 4 групи – тренерот ќе биде во последната група. Најголем предизвик ќе бидат тесните премини низ кои децата ќе мораат да нуркаат.

Регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн, кој ја предводи операцијата, рече дека повеќе не смее да се чека.

„Ова е денот Д. Мора да ја искористиме оваа можност. Децата беа посетени од лекари, кои заклучија дека тие се физички и психички подготвени. Тие се посветени и фокусирани. Групата и нивните семејства дадоа дозвола извлекувањето да почне што е можно поскоро“, изјави Осотанакорн.

Групата момчиња на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25- годишен тренер заробени се во пештерата од 23 јуни, кога силните дождови го затворија патот за излез од пештерата.

Би-би-си,  објави и видео-снимка од внатрешноста на пештерата на Тајланд во која се наоѓаат момчињата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.