Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализанти до Тодоров: Каде се ветените вработувања?

0
By Нова ТВ on July 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2016 20:23

Иако договорите за вработување на дел од приватните специјализанти биле потпишани и од министерот за здравство Никола Тодоров добар дел од нив се уште не реализирани, обвинуваат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Со првиот конкурс за кофинансирани специјализации, со кој се започна процесот на постепено решавање на наталожените проблеми на специјализантите,  требаше да се обезбеди егзистенцијата на еден дел од приватните специјализанти, но договорот за повеќето од специјализантите не е реализиран. Тие бараат обезбедување на основни услови за работа, како и водевување на ред во уписите на медицинските факултети. Писмото кое е упатено до министерот Тодоров и до директорите на јавните здравствени установи го објавуваме во целост.

„Ви се обраќаме и истовремено ве замолуваме  за брзо и заедничко решение .

Проблемите на приватните специјализанти се стари 20-тина години. Тоа се оние дипломирани лекари кои лекуваат, породуваат , оперираат , дежураат 24 часа без никаков надоместок или пак социјална или здравствена заштита. Состојбата со нив во моментов е следна.

Имено согласно првиот конкурс за кофинансирани специјализации, со кој се започна процесот на постепено решавање на наталожените проблеми на специјализантите,  требаше да се обезбеди егзистенцијата на еден дел од приватните специјализанти . Меѓутоа, иако договорите за кофинансирање беа потпишани од страна на специјализантите и од министерот Тодоров сепак за значителен дел од нив сеуште нема можност за правна реализација и почеток на работниот однос.  Само за колегите кои се избрани за ГОБ „8 ми Септември“, Клиничка болница Штип, ОБ Велес, ОБ Струмица, ОБ Битола и ОБ Охрид нивните пријави за работен однос веќе се доставени во Агенцијата за вработување на РМ и на нив 01.07.2016 година им беше прв работен ден.

Оние кои се примени во останатите болници решенијата им се изготвени со истиот датум но поради технички причини сеуште не се потпишани од директорите на болниците.

Како Асоцијација чија основна грижа се специјализантите и младите лекари прашуваме зошто сеуште не се реализирани сите договори од првиот конкурс и кога најрано би можеле да очекуваме специјализантите да го започнат својот работен однос?

Со цел да не дозволиме одлив на квалитетни лекари бараме и акционен план со прецизни рокови за вработување ( по примерот на вработување на волонтерите во здравството) како и увид во здравствената мапа со сите дефицитни места и старосната граница на докторите.

Истовремено согласувајќи се со изјавата на министерот дека приоритет за идно вработување треба да бидат специјализантите кои веќе специјализираат ( би биле најбрзо достапни во здравствениот систем ) ви го доставуваме списокот со невработени специјализанти ( членови на АСМЛ) кои се согласуваат за кофинансирана специјализација и со тоа да останат да и служат на Р. Македонија и нашиот народ.

Квалитетно образование и одлични услови за студирање треба да биде императив за најдобри доктори затоа бараме да се воспостави ред со уписите на медицинските факултети како и подобрување на условите за студирање и специјализирање ( обезбедување на ветените соби за специјализанти, плакари за пресвлекување, библиотека со новите преводи на светската литература, тоалети и сл.)

Главната алатка во добар здравстен систем се задоволните лекари.

Само лекари кои нема да се грижат што да јадат и како да ја издржуваат својата фамилија  можат да се грижат за туѓото здравје.

Само лекари кои ќе се чувствуваат заштитени додека 24 часа бдеат над болните можат да пружат најдобра заштита.

Ве молиме решете го статусот на приватните специјализанти“, се вели во писмото од АСМЛ упатено до министерот Тодоров.

 

 

 

вработувања специјализанти Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.